За нас

ЦВЕТ КОМПАНИ ДООЕЛ е професионална и сериозна градежна компанија, формирана во 2002 година со седиште во Скопје.Р.Македонија.

Визијата и стратегијата за правење на сигурна и профитабилна компанија се потврдени од самиот почеток преку успешно реализираните проекти во текот на годините во рамките на РМ и пошироко како и со постојаниот раст на соодветната техничка опременост, капитал и човечки ресурси.
Компанијата ја сочинуваат 60-тина постојано вработени, тим составен од стручен кадар, администрација, сметководство и финансии, како и квалификувани работници за изведба на секаков тип на работа во доменот на инфраструктурните објекти.
Компанијата ги поседува сите потребни соодветни лиценци и сертификати за работа со тенденција за постојано ширење и напредок, инвестирање во современа механизација, следење на глобалните трендови во градежништвото и современите технологии .

Проекти

Во текот на годините реализиравме и бевме дел од многу значајни проекти.
Ви прикажуваме само дел од нив...

Референтна Листа од позначајни проекти

Во досегашното постоење на нашата компанија имаме успешно реализирано огромен број на значајни проекти. Во прилог дел од позначајните:
  • - Млекара Сведмилк, земјишно градежни работи на целокупниот објект (ЕЛСА Д, 2007), вредност на договор 1.000.000,00 еур.
  • - Резервоар 1500 м3 Св.Николе со потисен цевковод Ф 400 (Европска Агенција за Реконструкција, 2007), вредност на договор 440.000,00 еур.
  • - Системи за подобрување на водоснабдување, водоводни инсталации со резервоари за вода во околните села на Скопје (ТАИСЕИ Копорација- Јапонија, 2005), вредност на договор 300.000,00 еур.
  • - Комплетна водоводна фекална и атмосферска канализација, станбени згради (ЗСФ КОМ, 2006-2012), вредност на договори 300.000,00 еур.
  • - Џонсон Мети, изведба на атмосферска и фекална канализација (Пера Констракшн Интернационал 2009), вредност на договор 114.000,00 еур.
  • - Аеродром Александар Велики, Скопје, инфраструктурни работи (Тепе Акфен Тав Констракшн – Турција, 2011), вредност на договор 943.000,00 еур.
  • - Фабрика Кемет – Бунарџик, земјено градежни работи за изведба на целата инфраструктура околу објектот (Пера Констракшн Интернационал, 2011), вредност на договор 154.000,00 еур.
  • - Брана Св.Петка, земјено градежни работи (Рико Инженеринг Словенија, 2012), вредност на договор 208.000,00 еур.
  • - Фабрика Кромберг и Шуберт, Жабени – Битола, земјено градежни работи, изведба на атмосферска, фекална канализација и хидрантска мрежа (Пера Констракшн, НОВАТЕК, 2012), вредност на договор 141.000,00 еур.
  • - Крива Паланка, изградба на речно корито на Крива река и изградба на велосипедска патека (Општина Крива Паланка, 2013), вредност на договор 195.000,00 еур.
  • - с.Арачиново, реконструкција на постоечки ободен канал (АК ИНВЕСТ, 2013), вредност на договор 1.440.000,00 еур.
  • - Крива Паланка, изградба на плоштад со партерно уредување пред административно деловната зграда на општината (Општина Крива Паланка, 2014), вредност на договор 285.000,00 еур.
  • - Крива Паланка, реконструкција на речно корито на Крива река (Општина Крива Паланка, 2014), вредност на договор 228.000,00 еур.
  • - МХЕЦ Маркова река, изградба на мали хидро централи на локација Маркова река (Хидро Индиго Македонија, 2015), вредност на договор 1.780.000,00 еур.
  • - Приклучна мрежа, пумпна станица и резервоар во н.м Шуто Оризари – Скопје Север, изградба на резервоар за потребите на н.м Шуто Оризари (АДРА Дооел Скопје, 2015), вредност на договор 700.000,00 еур.
  • - Територија на Скопје, санација на дефекти (Топлификација БЕД, 2015), вредност на договор 90.000,00 еур.
  • - Нас.место Кривогаштани, изградба на локални улици (Ф-ка Карпош Скопје, 2015), вредност на договор 202.000,00 еур.
  • - Урбан парк нас.Аеродром, изработка на јавно осветлување на територија на Општ.Аеродром (Општина Аеродром, 2016), вредност на договор 138.000,00 еур.
  • - Пристапен пат во Општина Крива Паланка, изградба на општински пристапен пат до с.Кркља Ловечка куќа до Езерце Калин Камен (Центар за развој на североисточен плански регион, 2016), вредност на договор 190.000,00 еур.
  • - Ул.Ѓорги Капчев – Скопје, обнова и одржување на улица (Општина Аеродром, 2016), вредност на договор 230.000,00 еур.
  • - с.Варовиште – Крива Паланка изградба на пристапен пат во с.Варовиште (Општина Крива Паланка, 2016), вредност на договор 283.000,00 еур.
  • - с.Жидилово – Крива Паланка изградба на селска улица во с.Жидилово (Општина Крива Паланка, 2016), вредност на договор 287.000,00 еур.
  • - Река Осојница, Виница, расчистување и делумна регулација на речно корито на река Осојница (Милиеуконтакт Македонија УСАИД, 2016), вредност на договор 137.000,00 еур.
  • - Казандол – Валандово, изведба на град.работи на Езеро 2,3 и Хавариско езеро во технолошки комплекс за производство на катоден бакар (Ф-ка Карпош Скопје, 2016), вредност на договор 340.000,00 еур.
  • - Територија на Скопје, Санација на дефекти (Топлификација БЕД, 2016/2017), вредност на договор 92.000,00 еур.
  • - ДСД Томе Стефановски – Сенич, градежни работи за реновирање на тоалети (ДСД Томче Стефановски – Сенич, 2017), вредност на договор 95.000,00 еур.
  • - Рашка, Р.Србија, изградба и реконструкција на канализациона мрежа и цевковод за потребите на граѓаните на Рашка (Рико Инженеринг Словенија, 2017), вредност на договор 510.000,00 еур.

Услуги

Адаптирајќи се на сите промени и нови технологии, компанијата е активна во сите можни полиња од градежниот сектор. Ги нудиме следниве услуги:

Повеќегодишното присуство на пазарот, брзата и навремена изведба, која е потврдена од инвеститорите, добрата екипа и организираност за предвидената работа ни дава за право да кажеме дека сме едни од најквалитетните фирми во регионов. Побарајте не и уверете се...

Контакт